24фудбал

Панчев: Друга песна ќе беше со Вардар ако ние го имавме Александар Вучиќ!

Дарко Панчев го прокоментира испаѓањето на Вардар во втора лига, легендата на македонскиот и југословенскиот фудбал вели дека друга ќе била песната доколку сме имале политичар како Александар Вучиќ.

Македонија

Преселбата на Вардар во втора лига е актуелна тема и во соседството, на многумина не им е јасно како македонскиот гигант го снајде ваква судбина кога пред само неколку години „црвено-црните“ играа групна фаза во Лига Европа.

Српски „Моцаратспорт“ направи интервју со Дарко Панчев и Илија Најдоски, кои беа ангажирани во клубот кога Вардар го направи најголемиот успех.

Дарко Панчев објаснува дека сопственикот на клубот влечел погрешни потези, а за пропаста ја обвини и државата, во Македонија немало политичар како Александар Вучиќ, кој би го спасил Вардар.

„Видете, ќе се пееше друга песна доколку ние во Македонија имавме еден Александар Вучиќ. Претседателот на Србија е голем љубител на спортот, но уште поважно е тоа што препознава дека спортските успеси за секоја држава се најевтин и најдобар вид на промоција. Ја следам ситуацијата во Србија, гледам колку Вучиќ и државата ги помагаат најголемите српски брендови Црвена звезда и Партизан во фудбал и кошарка, и нема сомнение дека тоа е исправно. Се прават добри играчи, кои потоа заработуваат големи пари во странство, ја презентираат Србија на најдобар можен начин, а потоа тие пари најчесто ги трошат во својата земја. Математиката е едноставна“ – вели Панчев.

Илија Најдоски пак вели дека ракометот му бил подраг на споственикот Сергеј Самсоненко отколку фудбалот.

„Кога Панчев ме повика во Вардар да му помогнам во спортскиот дел, знаев што ќе се случи. Знаев што ќе следува, но не можев да го одбијам. Служевме како еден вид покритие за клубот да не биде крив. Донесовме големи пари во клубот со пласманот во Лига Европа, но на управата подраг им беше ракометот“ – додава Најдоски.