Категорија: Англија 14.05.2021 10:55
„Сините“ минатото лето потрошија преку 200 милиони фунти на нови играчи а големите инвестиции ќе продолжат и ова лето.
Според пишувањата на Сан, Томас Тухел ќе добие 150 милиони фунти за силувања. Нов напаѓач е приоритет на клубот од „Стемфорд Бриџ“ а прва желба е Ерлинг Халанд.
Норвежанецот е мета на уште неколку клубови, Борусија Дортмунд исто така нема лесно да се откаже од младата ѕвезда, па Челси има и план Б, односно враќање на Ромелу Лукаку, кој има одлична сезона во Интер.