24фудбал

Револуција во Барселона, на продажба дури 14 фудбалери!

Жоан Лапорта и неговите соработници подготвуваат голема чистка, Мундо Депоритво пренесеува дека летоска од Камп Ноу можат да заминат дури 14 фудбалери.

Шпанија

„Каталонците“ лошо ја одиграа завршницата од сезоната, практично се надвор од трката за титулата иако можеа сами да решаваат, па Жоан Лапорта и неговите соработници размислуваат за голема реконструкција на тимот со цел да се подигне квалитетот и следната сезона да се атакува на сите титули.

Според Мундо Депортиво, летоска од Камп Ноу можат да си заминат дури 14 фудбалери. Секако, прва опција е тие да бидат продадени, но ќе се разгледуваат и опциите за позајмица како и раскин на договорите со цел да намали буџетот за плати.

Весникот не ја открива целата „листа за отстрел“ но вели дека на неа има имиња како Нето, Умтити, Жуниор, Пјаниќ, Матеус, Брајтвајт и Кутињо. Не се исклучува и можноста да замине некој од „тешкашите“ во соблекувалната.

Што се однесува до засилувањата, тие се добро познати и за нив се пишува со месеци. На списокот со желби се Ерик Гарсија, Кун Агуеро, Мемфис Депај и Џини Вајналдум, кои би пристигнале на Камп Ноу за беспари и со некои од нив веќе е постигнат договор.