24фудбал

Врие во Ливерпул: Мане одби да се поздрави со Клоп! (ВИДЕО)

Ливерпул синоќа забележа голема победа на Олд Трафорд но очигледно не беа сите среќни од триумфот, Садио Мане одби да се поздрави со Јирген Клоп и го игнорираше својот тренер.

Англија

„Црвените“ си ги задржаа шансите за настап во Лигата на шампиони откако синоќа со 2-4 триумфираа на гости кај Манчестер јунајтед. Ова беше прва победа на Ливерпул на Олд Трафорд по 2014 но не сите го славеа успехот.

Садио Мане покажа незадоволство, Сенегалецот дури и одби да се поздрави со Јирген Клоп.

Кога судијата означи крај, тренерот на Ливерпул се упати кон центарот за да се поздрави со своите но и со противничките играчи. Германецот му подаде рака на Садио Мане, но напаѓачот реши да го игнорира и продолжи да си оди.