24фудбал

Шишковски одбрани два пенали (ВИДЕО)

Во поразениот табор сите 90 минути ги одигра и Душко Трајчевски, а шанса од клупата доби Дарко Глишиќ.

Македонија

Неверојатен учинок запиша нашиот голман Дамјан Шишковски на денешното гостување на Докса кај Пафос во рамките на 36 коло од најсилната фудбалска дивизија на Кипар.

Докса загуби со 2-1, меѓутоа Шишковски го одбележа мечот со два одбранети пенали за домаќините, Македонецот успешно интервенираше најпрво во 67 минута кога биеше Валакари, а потоа и во 78 минута при обидот на Беригад.

Инаку Докса е сигурна на деветата позиција на табелата во рамките на плејаут фазата за опстанок во елитното друштво на Кипар, најмногу благодарение на подобрата гол разлика во однос на Неа Саламис на едно коло до крајот.