24фудбал

Холандија и дефинитивно ќе игра без Ван Дајк против Македонија на ЕП

Вирџил ван Дајк потврди дека нема да игра за Холандија на Европското првенство, смета дека не е доволно подготвен за настап, но се надева дека ќе ги почне подготовките со Ливерпул за новата сезона.

Англија

Ван Дајк и дефинитивно нема да игра за Холандија на Европското првенство, тоа е репрезентацијата која е во нашата група.

Дефанзивецот се повреди на меч за Ливерпул против Евертон на 17. октомври и отогаш трае долгиот процес на рехабилитација.

„Одлучив да не играм на Европското првенство и да ја продолжам рехабилитацијата. Физички чувствувам дека не можам да играм. Целиот фокус ќе го ставам на подготовките со Ливерпул и мислам дека тоа ми е реалната цел“, потврди Ван Дајк.

„Многу сум тажен што ќе го пропуштам Европското првенство и нема да можам да ја водам мојата земја, но работите се такви и мора да ги прифатам, сите мора да ги прифатиме“.