24фудбал

Нејмар сака ПСЖ да го состави најдобриот напад во историјата: Сакам да играм со Роналдо!

Во разговор со магазинот „Џеј Кју“, Нејмар изрази желба да игра покрај Кристијано Роналдо, вели дека само уште со Португалецот нема соработувано кога се во прашање најдобрите фудбалери

Франција

ПСЖ ќе го има најсилниот напад во историјата доколку „светците“ му ги исполнат желбите на Нејмар. Бразилецот пред неколку месеци порача дека сака одново да игра со Лео Меси, а сега истакна дека има желба да соработува и со Кристијано Роналдо.

„Сакам да играм со Кристијано Роналдо“ – вели Нејмар во разговор со магазинот „Џеј Кју“. „Имам играно покрај големи фудбалери како Лео Меси и Килијан Мбапе, но никогаш не сум играл покрај Кристијано Роналдо.

Бразилецот неодамна стави потпис на нов договор со ПСЖ до 2025, тешко е за верување дека ќе го промени клубот во следните години, па Париз е единственото место каде што може да му се исполнат желбите.

Шеикот од Катар и ПСЖ имаат финансиска моќ да креираат еден ваков напад од соништата, парите сигурно нема да бидат проблем, ќе биде потребна само желба од страна на Лео Меси и Кристијано Роналдо. Двајцата имаат многу прашалници околу иднината, често се говори за нивно заминување од Барселона, односно, Јувентус, а Париз се посочува како една од можните дестинации.