24фудбал

Тухел го испофали Лампард за неговиот придонес во Челси

Германскиот фудбалски стратег говори отворено за успесите на неговиот претходник на клупата во Челси, особено ги нагласи за резултатите во Лигата на шампионите, односно ФА купот.

Англија

Актуелниот предводник на Челси, Томас Тухел јавно го пофали својот претходник на таа позиција, Френк Лампард за неговите успеси во клубот, особено за тоа што успеал да го оствари во Лигата на шампионите и ФА купот сезонава.

Челси во финалето од Лигата на шампионите ќе се судри со Манчестер Сити, а што се однесува пак до финалето од ФА купот, таму за противник претстојнава сабота го има составот на Лестер, а Тухел не заборави да потсети дека и Лампард има заслуга за успесите сезонава на „Сините“ од Лондон.

Френк имаше неверојатен учинок во групната фаза од Лигата на шампионите, а ги доби и сите натпревари во ФА купот, токму тој го отвори патот за тимот да стигне до обете финалиња, а јас никогаш нема да го заборавам тоа“ изјави Тухел.

Сево ова го мислам уште од првиот ден кога сум во клубот, во целост сум свесен за тоа што Френк го креираше во клубот како фудбалер, а уште повеќе и како тренер“ додаде Германецот.

Френк наликува на сешто ќе помислите околу Челси, ќе помислите на него, на начинот на кој е како личност, како играше фудбал, сево ова го отсликува неговиот карактер, а пораката која ја испрати е задоволство да се прими, разговаравме кога пристигнав тука, меѓутоа ништо повеќе од тоа во однос на нашата комуникација“ заклучи Тухел.