24фудбал

Почетни состави: Обамејанг го предводи нападот на Арсенал, Фернандеш за „спокој“ кај Манчестер јунајтед (ФОТО)

Вечерва со почеток од 21 часот се играат двете реванш полуфинални средби во Лига Европа.

Лига Европа

Можеби мечот во Рим ќе биде само формалност, иако не е спортски никого да се отпишува, меѓутоа и повеќе од очигледно е дека неизвесноста е во голема мера за реваншот помеѓу Арсенал и Виљареал, откако во првата пресметка шпанскиот прволигаш славеше со 2-1 на домашен терен.

Арсенал вечерва ќе настапи во формациска поставеност од 3-4-3, доста офанзивен приод во играта гледано на хартија од страна на Микел Артета, кој во нападот ќе го има и капитенот Пјер-Емерик Обамејанг.


На спротивната страна, екс тренерот на Арсенал, Унаи Емери се реши за офанзивна поставеност со формација 4-3-3, па судејќи според распоредот на неговите избраници, за очекување е да проследиме офанзивен фудбал во Лондон.


Што се однесува пак до втората полуфинална реванш пресметка, Рома е пред невозможна мисија да анулира негатива од цели 6-2 стекната од првиот меч на гостински терен кај Манчестер јунајтед.

Един Џеко ќе биде главната опасност кон голот на гостите, а Рома ќе настапи во формациска поставеност од 4-2-3-1.


Иако со висока предност од првиот меч, сепак, Оле Гунар Солшер не сака да ризикува па од првата минута ќе почне и Бруно Фернандеш во формациска поставеност од 4-2-3-1.