24фудбал

Верати се пожали од Кујперс: Судијата два пати ми рече е*и се, јас да го кажам тоа ќе добијам 10 натпревари суспензија

Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати се пожали дека бил навреден од судијата Бјорн Кујпер, вели дека арбитарот од Холандија во два наврати му рекол „Е*и се“.

Лига на Шампиони

„Светците“ ќе почекаат уште некоја година за титула во Лигата на шампиони откако вечерва одново загубија од Манчестер Сити и беа елиминирани во полуфиналето.

Марез го отвори резултатот во 11. минута, а истиот играч погоди повторно во 63. минута и практично го реши двомечот.

По вториот гол на „граѓаните“, фудбалерите на ПСЖ ги загубија нервите, имаше неколку тензични моменти, Ди Марија доби црвен а во бележникот на судијата влегоа и Верати, Кимпембе и Данило.

По крајот на натпреварот, Марко Верати се пожали од Бјорн Кујперс и откри дека бил навредуван.

„Два пати ми рече „Е*и се“. Доколку јас му кажам на судијата „Е*и се“, ќе добијам десет натпревари суспензија. Секако дека разговарам многу со судиите, но никогаш не сум ги употребил овие зборови“ – вели Италијанецот.