24фудбал

Откриени детали за платата на Мурињо во Рома, во првата година „специјалниот“ повеќе пари ќе добива од Тотнем

Медиумите од Италија објавија детали од договорот на Жозе Мурињо со Рома, „специјалниот“ ќе има плата од 7 милиони евра по сезона, но во првата година ќе добие уште 9 милиони од Тотнем.

Италија

„Волчицата“ денеска на големо изненадување соопшти дека Жозе Мурињо го превзема кормилото, Португалецот се обврзал до јуни 2024 година.

Според пишувањата на Скај Спорт, се работи за тригодишен договор и плата од 7 милиони евра по сезона плус бонуси, што е далеку помалку од она што го заработуваше во Тотнем.

Сепак, во првата година во Рим, „спарси“ ќе ја надополнат разликата и со 9 милиони евра ќе придонесат тој да има иста плата како онаа во Лондон (16 милиони евра).