24фудбал

Почетни состави: Гвардиола без класичен напаѓач, Покетино без Мбапе од првата минута (ФОТО)

Вечерва се игра реванш пресметката помеѓу Манчестер Сити и ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите, Премиерлигашот на првиот меч на гостински терен славеше со 1-2, а со тоа е со една нога во големото финале.

Лига на Шампиони

Познати се почетните состави за вечерашната пресметка помеѓу Манчестер Сити и ПСЖ, а од тоа што можеме да го забележиме и покрај позитивниот резултат од првиот меч, „Граѓаните“ тргнуваат офанзивно и на реваншот.

Пеп Гвардиола ја преферира формациската поставеност од 4-3-3, меѓутоа како и вообичаено, така и вечерва во составот на „Граѓаните“ во последната офанзивна линија нема класичен напаѓач, па триото во нападот го сочинуваат Марез, Де Брујне и Фоден.


Што се однесува пак до почетниот состав на Маурицио Покетино, аргентинскиот фудбалски стратег нема да го има на располагање Мбапе од првата минута, тој се најде на клупата за резерви, како што беше најавувано претходно, а главна опасност кон голот на домаќините ќе биде Икарди.