24фудбал

Марсело ќе игра против Челси благодарение на волонтерка

Челси и Реал Мадрид утревечер тргнуваат во реванш пресметката од полуфиналето од Лигата на шампионите со 1-1, резултат кој беше оставен во мечот во Мадрид, а кој е со блага наклонетост кон Премиерлигашот поради голот на гости.

Лига на Шампиони

Ѕвездата на Реал Мадрид, Марсело мораше да ја исполни својата обврска како граѓанин на Шпанија откако беше избран за набљудувач на едно избирачко место за денешниот изборен ден во шпанската престолнина.

Иако Реал Мадрид и самиот Бразилец постојано се обидуваа да се убеди избирачкиот одбор за фудбалерот да биде ослободен од своите обврски и да му биде на располагање на клубот за битката за пласман во големото финале, тамошните власти останаа на ставот дека правилата важат за сите.

Сепак, „Ла Секскта“ информира дека Марсело иако останал да го одработи своето по сите неуспешни обиди за негово ослободување од тие обврски, една жена која била избрана за втора замена се понудила да го замени.

Со тоа, на Марсело му беше овозможено да се врати во својот дом на време и да отпатува за Лондон заедно со своите соиграчи од Реал Мадрид.