24фудбал

Рајола ќе добие провизија од која боли глава, ова се деталите од понудата на Јувентус за Донарума

Според пишувањата на Ил Џорнале, Мино Рајола ќе добие провизија од 20 милиони евра доколку Џиџо Донарума потпише за Јувентус, додатни 3 милиони евра ќе завршат на сметката на таткото на голманот.

Италија

Мино Рајола добро ќе се офајди доколку Џиџо Донарума летоска замине од Милан и се пресели во редовите на Јувентус.

Ил Џорнале пренесува дека контроверзниот агент треба да добие провизија од 20 милиони евра. Додатни 3 милиони евра треба да легнат на сметката на таткото на голманот. Што се однесува до Џиџо Донарума, тој ќе добие договор на пет години и нето плата од 10 милиони евра по сезона.

Во меѓувреме, Газета дело Спорт пренесе дека Мино Рајола испратил предупредување до Милан, им кажал дека на маса има понуда од друг клуб од 10 милиони евра по сезона. Во моментов, „росонерите“ не сакаат да понудат повеќе од 8 милиони евра по сезона.

Голманот во саботата имаше жестока конфронтација со група ултрас навивачи кои се појавија пред тренинг центарот во Миланело. Тие побарале голманот да не брани против Јувентус доколку во следните денови не потпише нов договор. Џиџо Донарума пак им порачал дека се нема договорено со „старата дама“ и сака да остане на Сан Сиро.