24фудбал

Германија следната недела ќе го соопшти новиот селектор, „панцерите“ во Скопје ќе ги предводи Ханси Флик

Според пишувањата на Абендцајтунг, Фудбалската федерација на Германија очекува за кратко време да постигне договор со Ханси Флик и да соопшти дека 56 годишниот стратег е наследник на Јоаким Лев на кормилото на „панцерите“.

Германија

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик следната недела треба да биде промовиран како нов селектор на Германија.

Денешното издание на весникот Абендцајтунг вели дека лидерите на ФФГ очекуваат за кратко време да постигнат договор со 56 годишниот стратег и да испратат официјално соопштение пред дуелот помеѓу Баерн Минхен и Борусија Менхенгладбах, закажан на 7. мај.

Се очекува тој да добие договор до 2024 година, и на кормилото на „панцерите“ да пристигне со своите помошници од „Алианц Арена“, односно Мирослав Клосе и Дани Рел.

Доколку ваквите најави се остварат, Германија на 11. октомври во Скопје со Ханси Флик ќе се обиде да и се реваншира на Македонија за поразот во Дуизбург, кој за „панцерите“ беш прв во квалификациите за СП по 20 година.