24фудбал

Лајпциг експресно најде замена за Нагелсман

Американскиот стратег, Џеси Марш од следната сезона ќе биде нов тренер на Лајпциг, тој е наследник на Јулијан Нагелсман кој заминува во Баерн Минхен.

Германија

Брзо откако беше соопштено дека Нагелсман е нов тренер на Баерн Минхен, Лајпциг најде решение за тренерската позиција.

47-годишниот Џеси Марш од Салцбург пристгнува во Лајпциг, тој потпиша двегодишен договор со германскиот клуб.

Лајпциг не е непознаница за Марш, во сезоната 2018/19 тој работеше како помошник тренер во овој клуб.

Пред да се пресели во Европа, Марш три сезони по ред беше прогласуван за најдобар тренер во МЛС, од 2015 до 2018 година.