24фудбал

Втор Македонец на „Диего Армандо Марадона“, Наполи сака да го ангажира Алиоски

Според пишувањата на Тутоспорт, Наполи сака да го ангажира Езгјан Алиоски, Македонецот треба да биде замена за Фаузи Гулам, кој мака мачи со повредите.

Македонија

На „Диего Армандо Марадона“ може да пристигне и втор Македонец. Денешното издание на Тутоспорт пишува за трансфер плановите на Наполи и пренесе дека Езгјан Алиоски е во тефтерот на спортскиот директор Кристијано Џунтоли.

„Наполитанците“ бараат замена за Фаузи Гулам, левиот бек мака мачи со повредите во последните четири години и има ограничен број на настапи.

Езгјан Алиоски со своите одлични партии во дресот на Лидс го привлеков вниманието на Наполи, кој ќе му понуди шанса да заигра во Серија А.

Македонецот ги одработува последните месеци од договорот со Лидс, но никако да пристигне абер за продолжување на соработката, па се верува дека тој е на излезна врата и летоска ќе ги напушти „белите“.

Претходно се пишуваше дека Езгјан Алиоски веќе се има договорено со Галатасарај, но до овој момент нема официјална потврда за ваков трансфер.