24фудбал

Почетни состави за дуелот ПСЖ – Манчестер Сити (ФОТО)

ПСЖ и Манчестер Сити досега имаат одиграно три меѓусебни натпревари, од кои две завршиле со реми, а една (последната) заврши со победа на Премиерлигашот од 1-0.

Лига на Шампиони

Вечерва со почеток од 21 часот се игра втората полуфинална пресметка помеѓу ПСЖ и Манчестер Сити, откако синоќа Реал Мадрид и Челси ремизираа со резултат 1-1.

Веќе се објавени почетните состави на обете екипи, па би можеле да се запознаеме со поставеноста на Маурицио Покетино за домашниот тим, односно Пеп Гвардиола за гостинскиот состав.

ПСЖ ќе игра во формациска поставеност 4-2-3-1, со тоа што Мбапе ќе биде главната опасност кон голот на „Граѓаните“, а Нејмар ќе игра во улога на крилен напаѓач.


Гостите според својата формацискапоставеност од 4-3-3 се нешто поофанзивни од тој аспект, а триото во нападот го сочинуваат Фоден, Силва и Марез.