24фудбал

Пандев му дава поддршка на Несторовски: Убеден сум дека ќе се вратиш посилен! (ФОТО)

Капитенот не заборави да упати поддршка до својот соиграч од националниот фудбалски тим, за кого верува дека по рехабилитацијата ќе се врати уште посилен.

Македонија

Напаѓачот на италијанскиот прволигаш Удинезе, како и наш репрезентативец Илија Несторовски ќе мора да направи операција на вкрстените лигаменти на коленото, за што рехабилитацијата трае најмалку шест месеци.

Тоа значи дека Несторовски нема да биде во можност да биде дел од нашата репрезентација за претсојниот историски настап на Европското првенство, а тој доби поддршка од Пандев.

Напред брат мој, те познавам долги години и убеден сум дека ќе се вратиш посилен“ гласеше пораката на капитенот Пандев упатена кон Несторовски.