24фудбал

„Наебавме ако мислиме на тоа!“ – Зидан ги прокоментира најавите дека судиите ќе го оштетат Реал против Челси

Зинедин Зидан не верува дека судиите ќе го оштетат Реал Мадрид против Челси како казна за Суперлигата и вели дека наебале доколку дозволат ваквите работи да им го отргнат вниманието.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид утре го пречекува Челси во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони. Пресметката доаѓа по десетина турбулентни дена и соопштението за формирање на ново натпреварување.

И покрај тоа што најголемиот дел од клубовите веднаш се откажаа, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус и понатаму се убедени дека Суперлигата ќе заживее, па се очекува УЕФА најжестоко да „удри“ токму по овие три гиганти.

Се шпекулира дека судиите би можеле да го фаворизираат Челси и на тој начин европската куќа на фудбалот да им се одмазди на „кралевите“ и Флорентино Перез.

„Треба да мислиме само на тоа како да одиграме. Судијата ќе си ја гледа неговата работа, а ние нашата. Ако почнеме да мислиме на тоа што се зборува, за тоа дека судиите ќе не оштетат, тогаш наебавме! Ние ќе играме фудбал и ќе се бориме од прва до последна минута, другото не не интересира“ – вели Зинедин Зидан.

Се шпекулира дека УЕФА би можела да го исфрли Реал Мадрид од Лигата на шампиони како казна за креирањето на Суперлигата.

„Апсудрно е да мислите дека нема да бидеме дел од Лигата на шампиони следната сезона. Многу работи се кажуваат... но ние треба да бидеме фокусирани само на утрешниот дуел со Челси. Немаме контрола врз работите што ќе бидат кажани или напишани, а сигурен сум дека ќе има многу гласини. Јас лично мислам дека ќе го гледаме Реал Мадрид во Лгата на шампиони“.