24фудбал

Алиоски одговараше на македонски: Да играше наш фудбалер со рака, ќе свирнеа пенал за Манчестер јунајтед, но... (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски по мечот на Лидс против Манчестер јунајтед даде изјава за Спорт Клуб на македонски.

Англија

Македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски беше еден од најдобрите играчи на Лидс против Манчестер јунајтед.

„Спорт клуб“ има новинарска екипа во Англија, па Алиоски за нив одговараше на македонски.

„Ова е добар резултат за нас затоа што игравме за кратко време против трите најдобри екипи во Премиерлигата. Одигревме добар натпревар. Не знам дали тоа беше пенал, далеку бев, не видов, но знам дека доколку беше за Манчестер јунајтед ќе го досудеа. Не е фер, но тоа е кога играат помал и поголем клуб. Сега ни следуваат мечеви со помалите екипи кои може да бидат и потешки поради начинот на кој играат. Ние до крајот на сезоната одиме од меч во меч, па ќе видиме што ќе направиме. Имаме многу квалитетен тим и голем тренер“, вели Алиоски.