24фудбал

Емери брзо доби можност да му се одмазди на Арсенал

Полуфиналето од Лига Европа меѓу Виљареал и Арсенал ќе биде посебен дуел поради Унаи Емери кој не толку одамна доби отказ од кормилото на топчиите.

Лига Европа

Судбината му даде шанса на Унаи Емери за одмазда, тој со Виљареал ќе има можност да го елиминира Арсенал и да покаже дека има квалитет кој не знаеле да го ценат топчиите.

Емери отако го зема кормилото на Виљареал со голем успех го води жолтиот тим и остварува резултати над очекувањата.

Од друга страна Артета се наоѓа под притисок, освојување на Лига Европа се чини дека ќе биде единствената шанса на Арсенал да игра во Европа следната сезона. 

Првиот меч се игра во Шпанија на 29. април, реваншот е во Северен Лондон седум дена подоцна.

Другото полуфинале го играат Манчестер јунајтед и Рома, првиот дуел се игра на Олд Трафорд, реваншот е на Олимпико во Рим.