24фудбал

Судијата Макели му врачи отказ на својот помошник поради непризнатиот гол на Роналдо! (ВИДЕО)

Главниот судија, Дани Макели веќе нема да соработува со неговиот помошник Марио Дикс, тој му врачи отказ а причината е скандалозната одлука во Белград.

Останато

Во квалификациите за СП нема ВАР, па главниот виновник за непризнатиот гол на Роналдо против Србија е помошникот Марио Дикс кој треба да ја гледа линијата.

Главниот судија Дани Макели реши да се раздели со Марио Дикс, и ќе назначи нов помошник во неговиот судиски тим.

„Со години работам со Марио и ќе разберете дека ова беше тешка одлука поради која нема да давам дополнителни коментари“, изјави Макели.

Дикс вели дека е многу разочаран од одлуката на Макели, очекувал поддрша но добил отказ.

„Многу сум разочаран што нема да бидам дел од Европското првенство. Макели ми рече на 31. март дека сака да продолжи со друг асистент затоа што веќе нема доверба во нашата соработка. Очекував поддшка, разбирање, верба, но...“, изјави Дикс.