24фудбал

Не е само Ајакс на агендата на Рома оваа седмица, туку и Сари

Фонсека моментално заостанува седум бода до местото од табелата во Серија А кое му носи обнова на договорот по автоматизам, меѓутоа се верува дека ќе си замине по било каков исход.

Италија

Рома за оваа седмица има предвидено разговор со Маурицио Сари на својата агенда, нешто што се најавуваше извесен период, а освен „Римската волчица“, искусниот италијански фудбалски стратег се поврзува и со Наполи.

Клубот од Рим се подготвува за претстојната реванш пресметката со Ајакс во четвртфиналето од Лига Европа откако на гости славеше со 1-2, а постои неизвесност околу моменталниот тренер Пауло Фонсека.

Португалскиот фудбалски стратег има можност по автоматизам да го обнови договорот со Рома во случај клубот да обезбеди место во Лигата на шампионите за идната сезона, меѓутоа во Италија известуваат дека тој преферира да си замине по крајот на актуелната сезона без разлика на исходот.

„Спорт Италија“ пишува дека оваа седмица ќе има преговори помеѓу Рома и Сари, за кого се верува дека е прва опција за наследник на Фонсека.

Рома е седма на табелата во Серија А со 54 освоени бода, заостанува седум бода зад четврто пласираната Аталанта која е на позиција за пласман во Лигата на шампионите за идната сезона.