24фудбал

Неверојатна грешка на ВАР во Премиеирлигата, мереа офсајд на погрешен фудбалер! (ВИДЕО)

Англиските судии често имаат проблеми со технологијата, крупните ВАР грешки се прават најчесто таму, таква е и оваа, која е неверојатна.

Англија

Среќа што не влијаеше на резултатот, ВБА го победи Саутемптон со 3-0, а ВАР им поништи чист гол.

Диање со глава постигна погодок, а помошникот судија го крена знаменцето за офсајд по што следуваше прегледување со ВАР.

А таму наместо да повлечат линија на стрелецот Диање, тие го таргетираа Бартли кој немаше никаков контакт со топката, ниту влијание за погодокот.

При повлекувањето на линиите, јасно се гледа дека ногата на играчот на Саутемптон беше поблиску до голот отколку Диање, ова беше голема грешка на ВАР.