24фудбал

Би можел да биде поништен црвениот картон на Ибрахимовиќ, последниот збор го има судијата

Ако судијата Фабио Мареска потврди дека поради недоразбириање му дал црвен картон на Ибрахимовиќ, тогаш Швеѓанецот ќе може да игра на следниот меч за Милан.

Италија

Милан ја чека одлуката за црвениот картон на Ибрахимовиќ кој го заработи против Парма.

Според неколку италијански медиуми, Ибра не го навредил судијата, бил исклучен поради недоразбирање.

„Се зависи од тоа што ќе напише Мареска во извештајот“, вели адвокатот на Милан, Кантамеса.

„Доколку тој се сомнева во она што го слушнал, треба да го напише тоа, и случајот може да имаа пресврт“.

„Доколку судијата признае дека погрешил, тогаш Ибра би можел да игра на следниот натпревар без разлика што доби црвен картон“.

„Доколку тоа не се случи, суспензијата ќе биде од еден или идва натпревари, но тоа не би било фер“.

„Беше недоразбирање. Нема што да се додаде. Слушнав што кажа Ибрахимовиќ, не знам што слушнал судијата, но знам дека Ибра не го навреди“.