24фудбал

Реал Мадрид, ПСЖ, но и Интер под будно око го следат Лингард

Фудбалерот кој пред да се пресели во Вест Хем на позајмица во јануари, не добиваше адекватна прилика на натпреварите за Манчестер јунајтед, денеска е на радарот на три европски гиганти.

Англија

„ЕСПН“ наведува дека Џеси Лингард под будно око е мониториран од страна на три европски гиганти, а станува збор наводно за Реал Мадрид, ПСЖ, како и Интер, кои под будно око ја следат ситуацијата со 28 годишниот фудбалер.

Лингард моментално настапува за Вест Хем на позајмица од Манчестер јунајтед, а постигна осум погодоци и четири асистенции на осум настапи досега, за сосема заслужено да добие повик од селекторот на Англија, Герет Саутгејт благодарение на неговата фантастична форма.

„ЕСПН“ додава дека Вест Хем посакува да го откупи договорот на Лингард со Манчестер јунајтед, а тоа „Чеканите“ би можеле особено да го реализираат доколку успеат да се изборат за место во Лигата на шампионите идната сезона, цел која се близу да ја остварат.

Лингард има уште една година од својот договор со Манчестер јунајтед, а од Вест Хем наводно инсистираат на тоа дека Деклан Рајс во никој случај не би бил вметнат во евентуален договор со „Црвените ѓаволи“.