24фудбал

Лидс со десет фудбалери го победи Сити, маестрална асистенција на Алиоски (ВИДЕО)

Лидс направи големо изннадување откако со 2-1 победи на гостувањето кај Манчестер Сити иако цело полувреме играше со фудбалер помалку.

Англија

Езгјан Алиоски и на овој меч беше стартер, го одигра целиот меч, а имаше и перфектна асистенција за победничкиот гол.

Резултатот го отвори Далас во 42. минута, а само три минути подоцна Купер заработи црвен картон.

На 15. минути до крајот Торес изедначи на 1-1, Манчестер Сити се надеваше на комплетен пресврт, но тоа не се случи.

Во судиското продолжение од мечот, Алиоски одлично додаде до Далас кој погоди и по вторпат за победа од 2-1.