24фудбал

Милан во преговори со Лукас Васкез

Васкез би можел да му се приклучи на својот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Тео Ернандез во Милан, откако францускиот бек потпиша за „Росонерите“ по трансферот од „Кралскиот клуб“ во 2019 година.

Италија

Милан тргна по потписот на Лукас Васкез кој претстојново лето ќе биде слободен играч на трансфер пазарот од причина што му истекува договорот со Реал Мадрид, меѓутоа интерес за неговите услуги има и од други клубови.

„Калчомеркато“ наведува дека техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини веќе стапил во контакт со агентот на Васкез, иако, се верува дека приоритет за фудбалерот е да остане во Реал Мадрид, иако засега нема договор за тоа сценарио.

Се верува дека агентот на Васкез во преговорите побарал четири годишен договор, со плата од 5 милиони евра по сезона, меѓутоа ниту Реал Мадрид, а ниту Милан не нудат толку во моментов.

Милан би можел да му понуди на Васкез најмногу 4 милиони евра по сезона, што е најголемата понуда која можат да му ја понудат на фудбалер во моментов, со исклучок на Златан Ибрахимовиќ и Џиџо Донарума.

Освен Милан, во редот за потписот на 29 годишниот крилен напаѓач стојат уште Интер, Баерн Минхен, како и Манчестер јунајтед.