24фудбал

Калафиори: Го разбирам детето кое ме удри, и јас би бил гневен во таква ситуација (ВИДЕО)

Фудбалерот на Рома, Рикардо Калифиори се најде во центарот на вниманието откако беше удрен од собираш на топки, тој вели дека го разбира гневот на детето.

Лига Европа

Во судиското продолжение од мечот кој го доби Рома со 2-1 против Ајакс, Калифиори се обиде да задржува време, при изведување на аут, ја фрли топката која ја имаше во раце и побара друга, па таа ја доби во лице од собирачот на топки.

„Во тој момент ми поминаа многу мисли низ глава. За среќа останав смирен“, вели Калафиори.

„Би рекол дека и јас да гледам како противникот задржува време во таква ситуација, и јас би бил нервозен“.

„Нема да речам дека го почитувам момчето, но го разбирам“.