24фудбал

Адеми и Ристовски со Динамо Загреб ја започнуваат мисијата за полуфинале во Лига Европа

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски вечерва со Динамо Загреб на домашен терен го пречекуваат Виљареал во првиот меч помеѓу обете екипи во четвртфиналето од Лига Европа.

Македонија

По големото изненадување кое хрватскиот клуб го приреди елиминирајќи го Тотнем на Жозе Мурињо во осминафиналето, секако дека амбициите на Динамо Загреб се зголемија, меѓутоа и повеќе од јасно е дека нема да биде лесно.

Со самото тоа што го елиминиравме тотнем, би било логично да кажам дека тие повеќе ни одговараат, Виљареал е сосема друга екипа, станува збор за сосема поинаков противник, Шпанците посакуваат посед на топката, а тешко е да се парира на таков противник, бидејќи се случуваат моменти во кои долго сте без топка и тоа треба да го поднесете трпеливо, мораме да ги убедиме нашите играчи тдека тоа не е толку лошо, дека мораме да бидеме трпеливи и да ги затвораме слободните приоди кон нашиот гол“ изјави тренерот на Динамо Загреб, Дамир Крзнар кој има голем пех со тоа што во пресрет на мечот му се повредија двајцата главни напаѓачи Бруно Петковиќ и Марио Гаврановиќ.

Во најавата за вечерашната пресметка, „Индекс“ наведува дека Крзнар има три варијанти за тоа како ќе настапи против Виљареал, во сите три сосема логично се појавуваат нашите интернационалци Ристовски и Адеми кои за очекување е да почнат од првата минута.

Освен Динамо Загреб – Виљареал, вечерва во истиот термин со почеток од 21 часот се играат уште натпреварите помеѓу Ајакс – Рома, Арсенал – Славија Прага, односно Гранада – Манчестер јунајтед.