24фудбал

Во Интер „навиваат“ Икарди да се врати во Италија, би имале финансиска корист од такво сценарио

Икарди има важечки договор со францускиот првак до 2024 година, сезонава на 15 настапи успеа да постигне пет погодоци, но и да додаде уште четири асистенции, сепак, и натаму се шпекулира дека може да се врати во Италија.

Италија

Поранешниот капитен на Интер, моментално член на ПСЖ, Мауро Икарди според неофицијалните информации би можел да се врати во Серија А претстојното лето, а доколку се случи такво сценарио, Интер би имал финансиска корист.

„Тутоспорт“ известува дека Јувентус и натаму е заинтересиран за аргентинскиот напаѓач,, а Рома и Наполи исто така под будно око ја следат ситуацијата и се распрашуваат за можноста да Аргентинецот се врати во Италија.

Весникот додава и дека извршниот директор на Интер, Бепе Марота вметнал и клаузула во договорот со ПСЖ, клаузула која би можела да биде активирана на лето.

Се работи за бонус од 15 милиони евра во случај Икарди да се врати во Италија, со тоа што Марота сакал да го избегне можното сценарио ПСЖ да биде само „попатна станица“ за Аргентинецот пред евентуалниот трансфер во Јувентус.