24фудбал

Македонските навивачи само 48 часа ќе можат да бидат во Букурешт!

Ќе нема фудбалска фешта во Букурешт, Романците одредија строги правила за странските навивачи за време на Европското првенство.

Македонија

Поради пандемијата на ковид-19, Романија сака да ги заштити своите граѓани од наплив на странски туристи за време на Европското првенство, па донесе неколку одлуки со кои ќе го спроведе тоа.

Официјално е одлучено на мечевите во Букурешт да има 13.000 гледачи, што е 25 проценти од капацитетот на Националната арена. Дополнително ќе се знае колку од тие билети ќе бидат доделени на репрезентациите кои играат, се шпекулира со бројка од 3500.

Сите навивачи ќе бидат тестирани на денот на одигрување на натпреварот. УЕФА финансиски ќе ја помогне оваа мерка.

Странските навивачи при влез во Романија ќе мора да го покажат и билетот со цел да докажат дека одат на натпреварот, а не туристички. Тие ќе можат во Букурешт да се задржат не повеќе од 48 часа.

Македонија во Букурешт игра на 13 јуни против Романија, а на 17 јуни против Украина. Тоа ќе значи дека нашите навивачи кои ќе имаат билети и за двата натпревари ќе треба после првиот меч да излезат од Романија, па да се вратат за вториот.

Третиот натпревар од групата го играме во Амстердам против Холандија на 21 јуни.