24фудбал

Ристовски се пофали, добил подарок од Жозе Мурињо: Ти благодарам за овој незаборавен момент (ФОТО)

Стефан Ристовски на социјалните мрежи се пофали дека добил подарок од Жозе Мурињо по синоќешниот дуел помеѓу Динамо Загреб и Тотнем, Македонецот добил опрема на „специјалниот“ со посвета.

Лига Европа

Динамо Загреб синоќа приреди големо изненадување, го елиминираше Тотнем од Лига Европа. За Жозе Мурињо ова беше големо разочарување, но Португалецот покажа класа и влезе во соблекувалната на „модрите“ за со аплауз да ги награди победниците.

Тој исто така нашол и време за раговор со нашиот Стефан Ристовски кој доби и подарок, опрема од „специјалниот“ со посвета.

„Светот на фудбалот научи многу од тебе и јас имав прилика лично да се сретнам со тебе и да ја почувствувам твојата големина. Ти благодарам за овој незаборавен момент“ - напиша Македонецот на социјалните мрежи.