24фудбал

Како ли ќе реагира Мурињо на овој бизарен гаф на Харт (ФОТО)

За ситуацијата да биде уште побизарна, доволно говори фактот што поранешниот прв чувар на мрежата од голот на „Гордиот албион“ беше на клупата за резерви во реваншот против Динамо Загреб.

Лига Европа

Вториот голман на Тотнем, Џо Харт имаше доста бизарен гаф на социјалните мрежи откако објави дека „работата е завршена“ во реваншот против Динамо Загреб, алудирајќи на тоа дека Премиерлигашот прогресирал во четвртфиналето од Лига Европа.

Тотнем имаше водство од 2-0 по првиот меч, а вчера на реваншот загуби во продолженија со 3-0, со тоа што Динамо Загреб на нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми приреди големо изненадување, а донесе и гаф на Харт.

Иако беше на клупата за резерви бидејќи Лорис стартуваше од првата минута, а воедно со свои очи ја проследи „капитулацијата“ на Тотнем во живо, некако помислил дека неговиот тим прогресирал, меѓутоа оваа објава иако за брзо ја избриша, сепак остана забележата од јавноста.