24фудбал

Пиоли: Не заслуживме да бидеме елиминирани

Предводникот на „Росонерите“ смета дека неговиот тим не заслужил да биде елиминиран, меѓутоа додава и дека требало да се стори нешто повеќе за прогрес во четвртфиналето.

Лига Европа

Милан доживеа елиминација во осминафиналето од Лига Европа откако загуби на домашен терен минимално со 0-1 од Манчестер јунајтед во реваншот на свој терен во Милано.

„Росонерите“ извлекоа реми со резултат 1-1 во првиот меч на гости, меѓутоа тоа не беше доволно за да сторат нешто повеќе на свој терен, а предводникот на италијанскиот прволигаш, Стефано Пиоли, видно разочаран од исходот, смета дека неговиот тим не заслужи да биде елиминиран.

Оваа елиминација многу не разочара, на двата натпревари игравме како одличен тим, а требаше да постигнеме гол во првото полувреме“ изјави Пиоли по реваншот во Милано.

Штета, направивме толку многу за да дојдеме до тука, а тимот заслужи да продолжи понатаму, но јасно е дека треба да се потрудиме уште повеќе, но сметам дека не заслуживме да бидеме елиминирани“ додава тој, а потоа потсети и кој е Манчестер јунајтед.

Зборуваме за Манчестер јунајтед, екипа која лани стигна до полуфиналето од Лига Европа, екипа која дојде од групите во Лигата на шампионите, која пред две седмици го победи Манчестер Сити на негов терен со 0-2“ подвлече Пиоли.