24фудбал

Ова е една најразочарувачките вечери но Мурињо покажа класа, влезе во соблекувалната на Динамо и даде аплауз (ВИДЕО)

Жозе Мурињо веројатно вечерва го забележа едно од најголемите разочарувања во својата кариера, но Португалецот покажа класа, влезе во соблекувалната на Динамо Загреб и со аплауз ги награди играчите.

Лига Европа

Динамо Загреб вечерва приреди сензација откако се врати од 0-2 по првиот меч и со 3-0 го совлада Тотнем за пласман во четвртфинале во Лига Европа.

Ова е една од најразочарувачките вечери на Жозе Мурињо, но Португалецот покажа класа. По крајот на натпреварот тој влезе во соблекувалната на Динамо Загреб и со аплауз ги награди играчите за големата победа.