24фудбал

Сколс: Хендерсон сакаше да се прави важен, на крај му подари реми на Милан

Пол Сколс вели дека Дин Хендерсон можел едноставно да реагира и да го одбрани ударот на Кјаер, но голманот сакал да се прави важен и на Милан му подарил реми.

Лига Европа

Милан си замина од Олд Трафорд со 1-1, Кјаер во финишот од мечот погоди и донесе поволен резултат за Милан против Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лига Европа.

Голот оди на душа на Дин Хендерсон, топката одеше право во голманот кој не реагираше најдобро и дозволи таа да заврши во мрежата.

Легендата на „ѓаволите“, Пол Сколас веднаш го впери прстот, обвини дека Хендерсон сакал да се прави важен и одбраната да изгледа потешка отколку што навистина е, па му подарил реми на Милан.

„Ова мораше да го одбрани“ - вели Сколс. „Мислам дека се обиде одбраната да изгледа потешка отколку што навистина е. Прва и основна задача е да спречите топката да заврши во мрежата, после ќе мислите колку е атрактивна интервенцијата“.

„Мораше да го одбрани ова, и самиот знае“.

И Оле Гунар Солшер призна дека голманот морал да го одбрани ударот на Кјаер: „На тренинзите сум го видел безброј пати како брани вакви удари“.