24фудбал

Адеми се повреди, со помош на докторите на Тотнем го напушти теренот

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми се повреди во финишот од мечот против Тотнем и неколку минути пред крајот излезе, повреда која ги загрижува македонските навивачи пред Европското првенство.

Лига Европа

При еден дуел со Лукас, Адеми заработи повреда, се чини дека се работи за повреда на коленото. Македонскиот репрезентативец со помош на докторите на Динамо Загреб го напушти теренот.

Се уште не се знае за каква повреда станува збор, деталите би требало да бидат познати по прегледите.

До почетокот на Европското првенство има уште три месеци и секоја повреда на македонски репрезентативец е загрижувачка.