24фудбал

Мурињо е роден победник, смета Адеми

Хрватскиот првак пред 13 години ја имаше првата меѓусебна пресметка со Тотнем, а на истата Премиерлигашот славеше убедлива победа од 4-0 на свој терен.

Лига Европа

Динамо Загреб во мошне незгоден момент ќе се соочи со Тотнем во рамките на осминафиналето од Лига Европа, односно во првиот меч од предвидениот двомеч во тоа натпреварување, со оглед на фактот што Премиерлигашот влезе во одлична серија изминатиов период.

Динамо Загреб веќе навикнавме да го гледаме на големите европски клупски натпреварувања, а капитенот на хрватскиот првак, како и наш репрезентативец, Аријан Адеми тврди дека тимот од хрватската престолнина не чувствува притисок на себе.

Очекувам да излеземе на мечот со кренати глави, да дадеме сеод себе, Тотнем е еден од најдобрите клубови во Англија, не чека тешка мисија, опасноста во нивната игра доаѓа од сите страни, ќе мораме да помогнеме и во одбраната, подготвени сме на тоа, ќе дадеме сеод себе да ги сопреме нивните налети, не чувствуваме никаков притисок, смирени сме“ вели Адеми, кој очигледно има високо мислење за шефот на стручниот штаб на Премиерлигашот, Жозе Мурињо.

Ќе видиме колку е предност за нас тоа што не не познаваат, но сигурен сум дека и они ќе се распрашуваат за нас бидејќи тренерот им е роден победник“ додаде Македонецот.