24фудбал

Челси го победи Евертон, еден од директните ривали за топ 4 (ВИДЕО)

Челси со автогол и гол од пенал успеа да го победи Евертон со 2-0 и за момент се одлепи на четвртата позиција на табелата.

Англија

Челси продолжува да бележи одлични резултати под водство на Томас Тухел, овој пат нивен пациент беше Евертон, директен ривал за пласман во топ четири.

Резултатот беше отворен во 31. минута кога несреќниот Годфри си постигна автогол за водство на Челси од 1-0.

А во 65. минута Пикфорд направи прекршок за пенал кој го реализираше Жоргињо и ги постави конечните 2-0.