24фудбал

Лапорта е нов претседател на Барселона, дали тоа значи и останување на Меси?

Барселона доби нов претседател, тоа е Хуан Лапорта кој денеска на клупските избори убедливо ги победи Виктор Фонт и Тони Фреша.

Шпанија

Лапорта се враќа на чело на Барселона откако денеска убедливо победи на изборите за клупски претседател.

Тој на оваа функција претходно беше од 2003 до 2010 година, тоа беа и најдобрите години на Барселона во кои каталонскиот тим предводен од Пеп Гвардиола ја имаше и историската сезона со шест освоени трофеи, тоа се случи во 2009 година.

Во предизборната кампања Лапорта вети дека ако тој победи Лео Меси ќе потпише нов договор со клубот и ќе продолжи да игра за Барселона.

Во наредниот период ќе се види дали тоа беше само обично предизборно ветување на Лапорта или Меси навистина ќе остане во Барселона и ќе ги израдува навивачите на овој клуб.

И самиот Меси гласаше на изборите, тоа беше негово прво гласање на клупските претседателски избори што може да се оцени дека исходот од нив би можел да влијае на неговата иднина.

Покрај тоа што треба да го задржи Меси во клубот, Лапорта ќе има задача и да ја среди финансиската состојба во Барселона која воопшто не е розова.