24фудбал

Солшер: Минатата сезона надополнивме 15 бода разлика на Лестер, но...

Оле Гунар Солшер смета дека Манчестер Сити е пресилен тим за да може да се каже дека Јунајтед се уште е во борба за титулата.

Англија

Манчестер јунајтед со 2-0 победи на Етихад против лидерот Манчестер Сити и на десет кола до крајот дојде до -11 бода. Но Солшер не мисли дека тие се во борба за титулата.

„Одиме од натпревар во натпревар. Сити се предалеку за да мислиме дека можеме да ги стигнеме. Минатата сезона стигнавме 15 бода на Лестер, но Сити е поинаков противник“, вели Солшер.

„Среќни сме за оваа победа, кога ќе дојдете на овој стадион и ќе си заминете со триумф од 2-0, мора да сте задоволни“.