24фудбал

„Алаба си оди од Баерн поради пари, ако каже нешто друго, лаже!“

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Јирген Колер вели дека Давид Алаба го напушта Баерн Минхен поради парите, додава дека и самиот тој го направил истото.

Германија

По 13 години поминати во Баерн, Давид Алаба летоска ќе го напушти Минхен. Дефанзивецот долго време преговараше за нов договор, но двете страни не успеаја да понајдат заеднички јазик па фудбалерот од Австрија соопшти дека ќе започне нова авантура.

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Јирген Колер вели дека Давид Алаба си оди поради парите, и додава дека и самиот тој го направил истото.

„Сигурно си оди за пари и можам да го разберам. Има 28 години и ќе потпише на четири или пет години. Ако каже нешто друго, лаже. Неколку милиони плус играат голема улога. Но за ова не можете да му замерите, многумина би го сториле истото. И јас го напуштив Баерн поради пари, секако, преселбата во Италија беше многу добра и на спортски план“ - вели Јирген Колер.