24фудбал

Мориба: Овој спомен ќе го однесам во гроб

Големиот талент на Барселона, Илаиш Мориба денеска го постигна својот деби гол за каталонскиот клуб, вели дека овој момент ќе го памети до крајот на животот.

Шпанија

Барселона со 2-0 ја победи Осасуна, а еден од погодоците беше дело на младиот Мориба кој важи за голем талент на клубот.

„Се уште не ми се верува. Меси ми ја додаде топката, и не ни знам како ја удрив, за среќа влезе. Никогаш нема да го заборавам овој гол, овој спомен ќе го однесам со мене во гроб“, вели Мориба по мечот.

„Голот им го посветувам на моите родители. Секогаш сум сонувал да постигнам гол, почнав да играм фудбал бидејќи сакав да постигнувам голови, во спротивно ќе бев голман“.