24фудбал

Алексис Санчез со два гола го предводеше Интер до победа над Парма и +6 на врвот (ВИДЕО)

Интер тримфираше со 1-2 на гостувањето кај претпоследно пласираната Парма, Алексис Санчез ги предводеше „нероаѕурите“ до нови три бода.

Италија

Интер му побегна на Милан на +6, избраниците на Конте го искористија киксот на градскиот ривал и се зацврстија на врвот на табелата.

Вечерва „нероаѕурите“ со 1-2 триумфираа на гостувањето кај Парма. Алексис Санчез го отвори резултатот во 54. минута. Една топка од Лукаку сo многу среќа дојде до Чилеанецот, кој биеше силно, Сепе одбрани но топката ја помна гол линијата.

Во 62. минута Лукаку отвори контра, го проигра Санчез, кој по земја го матираше Сепе за 0-2.

Ернани во 71. минута ја затресе мрежата на Интер и најави интересна завршница, но Парма не успеа да го изненади фаворитот.