24фудбал

Фернандеш добива двојно зголемување на платата во Манчестер јунајтед?

26 годишниот Португалец игра неверојатно во дресот на „Црвените ѓаволи“, а наскоро доаѓа и голема награда за него во однос на платата.

Англија

Бруно Фернандеш е пред зголемување на платата во Манчестер јунајтед, откако на Островот известија дека клубот од „Олд Трафорд“ сериозно размислува ова прашање да го реши во периодот кој претстои.

Се верува дека Фернандеш би можел да добие двојно зголемување на својата плата на околу 200,000 фунти неделно, со тоа што ќе стане петтиот најскапо платен фудбалер во клубот.

Сезонава Фернандеш постигна 22 погодоци и 13 асистенции во сите конкуренции во дресот на Манчестер јунајтед, кој во моментов се наоѓа на второто место на табелата во Премиерлигата, а во игра се уште и за ФА купот, но и Лига Европа.

Фернандеш се приклучи на Манчестер јунајтед лани во јануари по трансферот од Спортинг Лисабон вреден 67 милиони фунти, а оваа инвестиција на Премиерлигашот во целост се исплатеше. Инаку Португалецот има активен договор со важност до 2025 година.