24фудбал

Ракитиќ до Меси: Јас имам освоено трофеј кој ти никогаш нема да го освоиш!

Барселона синоќа во драматичен меч по продолженија ја победи Севиља и се пласира во финалето од шпанскиот куп, а пред мечот Ракитиќ раскажа една анегдота со Лео Меси, му рекол дека тој никогаш нема да го има трофејот од Лига Европа.

Шпанија

Во интервју за „ЛаЛигаТВ“, Ракитиќ меѓудругото се потсети на деновите од Барселона.

„Кога пристигнав во Барселона, кога видов овие фудбалери колку се гладни за успех, тоа беше неверојатно. Имав среќа што тренирав една година со Чави и повеќе со Иниеста. Учев од двајцата и на теренот и надвор од него“, изјави Ракитиќ.

„На нив ништо не им беше дадено однапред. Тие се избориле за нивниот успех. Не е случајност тоа што освоиле се. Секој фудбалер си има своја улога која треба да ја одигира. И секој тоа го прави на свој начи“.

Потоа Ракитиќ ја кажа анегдотата со Меси: „Зборував со Меси и му реков: „Ти имаш освоено се, постигнато многу голови. Но јас имам освоено трофеј кој ти никогаш нема да го имаш, трофејот од Лига Европа“.

Меси досега никогаш не играл во Лига Европа, секоја година настапува во Лигата на шампионите и така ќе биде до крајот на неговата кариера.