24фудбал

Несторовски ова мораше да го реализира, Македонецот промаши зицер против Милан (ВИДЕО)

Илија Несторовски пропушти убава можност да ја затресе мрежата на Милан, Македонецот од пет метри со глава биеше право во Ромањоли, кој очајно се обидуваше да спасува на гол линијата.

Италија

Удинезе разочаран ќе си замине од Сан Сиро и покрај тоа што освои бод. На гостите им се смешкаше победата, требаше да издржат само уште еден напад, но Ларсен направи глупост играше со рака, судијата покажа на белата точка а Кеси донесе 1-1.

И нашиот Илија Несторовски ќе има за што да жали, напаѓачот промаши зицер. При резултат 0-0, на стартот од второто полувреме, Тео Ернандез лошо врати една топка, Переира пресече и нафрли на пет метри. Нестогол можеше да се прослави но биеше право во Ромањоли, кој на гол линијата очајно спасуваше и покриваше за истрчаниот Донарума.