24фудбал

Каква глупост на Ларсен во последните секунди, Милан од пенал во 97. минута се спаси од пораз (ВИДЕО)

Милан испушти два бода во битката за врвот, „росонерите“ вечерва се спасуваа од пораз против Удинезе со гол од пенал во 97. минута.

Италија

Кикс на Милан против Удинезе, избраниците на Пиоли освоија само бод, кој всушност е премија со оглед на тоа дека беше освоен во 97. минута и тоа по глупост на Ларсен во последните секунди од мечот.

Бекао најави изненадување на Сан Сиро откако го совлада Донарума во 68. минута. „Росонерите“ се мачеа и кога се чинеше дека гостите ќе си заминат со победа, во последниот напад, откако истекоа 5-те минути судиско надополнување, Ларсен играше со рака а Кеси од белата точка донесе 1-1.

Нашиот Илија Несторовски одигра цел натпревар и имаше една добра можност да ја затресе мрежата, но Ромањоли го спречи на гол линијата.

На останатите натпревари од 20:45 часот, Аталанта со убедливи 5-1 ги совлада Кротоне, Рома со 1-2 славеше на гостувањето кај Фиорентина, Каљари врза две победи и со 1-0 ја совлада Болоња а Верона со 0-3 тирумфираше против Беневенто.